Денес ќе се одиграат натпреварите од 9. коло на Првата женска фудбалска лига, познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
Фуркан Идризи од Тетово ќе го суди дербито на колото во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Тиверија Брера, Игор Иванов ќе им суди на Топ Гол и Скопје, Боби Величков ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Истатов и Атлетико, а пак Ирена Велевачкоска ќе ја дели правдата на дуелот меѓу шампионот Љуботен и Ас Јунајтед од Струга.
Во рамки на деветтата рунда слободна ќе биде екипата на Речица.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 9. КОЛО ПЖФЛ:
Каменица Саса – Тиверија Брера, Фуркан Идризи (Тетово) 14 часот
Топ Гол – Скопје, Игор Иванов (Велес) 15 часот
Истатов – Атлетико, Боби Величков (Велес) 13 часот
Љуботен – Ас Јунајтед, Ирена Велевачкоска (Прилеп) 15 часот