Во Охрид денес на програмата ќе бидат нови два натпревари од меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“, кој од 18 до 20 септември ќе донесе вистински ракометен спектакл во салата „Билјанини Извори“.
Програмата за петок (19 септември) носи два возбудливи дуели.
Селекциите на Тунис и Грција, ќе се сретнат од 18:15 часот, а пак вечерната програма ја носи главната атракција – од 20:30 часот Македонија ќе излезе на мегдан со Египет.
Очекувањата се дека турнирот ќе донесе квалитетен ракомет, а македонската репрезентација ќе има можност да ја провери формата против сериозни противници во пресрет на претстојните предизвици.