Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот изглед на табелата.

Пролетниот дел носи многу возбудувања, борба за секој бод, трка за шампионската титула, но и предизвици да се обезбеди опстанокот, а во тој дел ќе биде уште понеизвесно.

Вардар е есенски шампион и тоа без пораз со 42 бодови, момците на Гоце Седлоски зад себе имаат фантастична есен и итаат кон враќање на титулата во своите редови.

Еден бод е разликата меѓу Вардар и Струга која е втора со 41 бод – трката за титулата ќе биде неизвесна, а Шкендија како бранител на истата пролетниот дел ќе го стартува од третата позиција со 36 бодови или шест помалку од непоразениот лидер Вардар.

Силекс ја губи трката за титула – дури 11 бодови помалку од Вардар, а пак десет помалку од второто место, прволигашот од Кратово ќе презими на четвртото место со 31 бод.

Останатите екипи ги очекува тешка битка за опстанок, никој не е сигурен, а секој бод во пролетниот дел ќе значи чекор напред во трката за опстанок.


Арсими одигра фантастична есен – дебитантот од Чегране има учинок од шест победи, четири ремија и шест порази, па со 22 бодови ќе презими како петти на табелата, а за овој тим ова е уште една потврда на континуираниот напредок на клубот од Трета лига – Запад како шампион го доби Овче Поле во баражот за влез во Втора лига, до одличен напредок како второлигаш и сега одлична есен и како прволигаш.

Толку бодови има и Башкими кој е шести, тимот од Куманово се врати во елитата по 17 години и зад себе исто така има резултати кои му даваат полесна пролет на Башкими за директен опстанок.


Иако пред почетокот на сезоната многумина ја отпишаа Брера Струмица, која промени и тренер се потврди дека младиот тим има капацитет за многу повеќе.

Младиот тренер Мартин Алаѓозовски по преземањето на тренерското столче од Панче Стојанов успешно го води тимот со тоа што Брера ќе презими како седма со 19 бодови и тоа во зоната за директен опстанок.

Во бараж зоната следуваат Тиквеш како осми со 18 бодови и Пелистер како деветти со 16 бодови.

Во трката за опстанок ќе има тешка задача Македонија ЃП која собра 15 бодови, а повратникот во елитата е во зоната за директен опстанок како десетти тим на табелата.


Работнички одигра катастрофална есен како што не се памети – минатата сезона тимот се бореше за титула и излез во Европа, „европската виза“ беше обезбедена со само едно коло, но сега тимот како да сака „виза“ за Втора лига, па така Работнички е зрел кандидат за испаѓање од елитата.

Речиси сигурен кандидат за испаѓање е тимот на Шкупи, кој ќе презими на дното со само еден бод и тим кој има ужасни резултати – нема триумф, има едно реми и дури 15 порази, па така тимот од Чаир е со една нога во Втора лига.

Наскоро длабинска анализа на резултатите во есенскиот дел од Прва лига.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ПРВА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ВАРДАР АД 16 13 3 0 40 15 +25 42
2 ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ АД 16 13 2 1 42 11 +31 41
3 ФК ШКЕНДИЈА АД 16 11 3 2 31 14 +17 36
4 ФК СИЛЕКС АД 16 10 1 5 36 19 +17 31
5 ФК АРЕСИМИ 1973 АД 16 6 4 6 32 31 +1 22
6 АД ФК Башкими 1947 Куманово 16 6 4 6 22 31 -9 22
7 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 16 5 4 7 23 32 -9 19
8 ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци 16 5 3 8 18 19 -1 18
9 ФК ПЕЛИСТЕР АД 16 4 4 8 17 27 -10 16
10 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 16 4 3 9 18 28 -10 15
11 ФК РАБОТНИЧКИ АД 16 1 4 11 13 29 -16 7
12 ФК ШКУПИ- 1927 АД 16 0 1 15 12 48 -36 1


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!