Фудбал

ФФМ со нови одлуки за билетите, младите и женскиот фудбал како и одлуки за стадионот во Штип

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

На вчерашната седница на Управниот одбор на ФФМ беа донесени повеќе значајни одлуки. Една од најважните се однесува на цените на билетите за претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 меѓу Македонија и Казахстан, кој ќе се одигра на 13 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Цената за западната трибина е утврдена на 300 денари, билетите за јужната и северната трибина изнесуваат 400 денари, додека влезниците од прва категорија чинат 500 денари. ФФМ исто така ќе им овозможи бесплатен влез на источната трибина за младите фудбалери од Детската лига, регионалните школи и младинските категории придружувани од своите тренери.

Одборот ги утврди и цените на билетите за натпреварот на репрезентацијата до 21 година против Ерменија во квалификациите за Европското првенство 2027. Натпреварот ќе се игра на 10 октомври во Битола, а влезницата ќе чини 200 денари.

Покрај тоа, беа усвоени и новите пропозиции за натпреварување во Детскиот фудбал за сезоната 2025/26. Управниот одбор ја донесе и одлуката за распределба на средствата од солидарната шема на УЕФА за клубовите од Првата женска фудбалска лига. Осум екипи, меѓу кои ЖФК Скопје 2014, ЖФК СС Истатов 2015, ЖФК АСС Јунајтед, ЖФК Тиверија Брера, ЖФК Речица, ЖФК Топ Гол, ЖФК Атлетико и ЖФК Каменица Саса ќе добијат по 10.500 евра.

На седницата беше отворена и темата за изградбата на западната трибина на Градскиот стадион во Штип. Минатата недела таму престојуваше инспекција од УЕФА, а по приемот на официјалниот извештај ќе бидат преземени понатамошни чекори за завршување на работите.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!