Останато

Олег Мирчески и Ведрана Танеска со финални мечеви на МТП опен во Скопје

Сподели
ФОТО:ТФМ
Сподели

Македонските надежи беа дел од завршните натпревари на меѓународниот МТП опен турнир за тенисери и тенисерки до 12 години, кој изминатата недела се одржуваше во Скопје. Нашите претставници играа во две финалиња – едно во поединечна конкуренција кај момчињата и едно во конкуренција на двојки кај девојчињата.

Кај момчињата, финалист беше Олег Мирчески. Тој со две победи во групната фаза, над Вук Двокиќ од Србија и Димитриос Леу од Романија, избори пласман во елиминациите. Во четвртфиналето убедливо го совлада Бурга Антар од Турција со 2-0 во сетови (6-1, 6-0), а во полуфиналето со идентичен резултат беше подобар и од Чан Берк Нигделиоглу, исто така од Турција. Сепак, во финалето против Микаел Иванов немаше сила за нова победа и загуби со 2-0 (6-2, 6-2).

Во конкуренцијата на двојки, финалистка беше Ведрана Танеска, која настапи заедно со Ника Колоколова од Летонија. Двојката стигна до финалето, но таму беа поуспешни Мадина Рохманова од Турција и Ена Табак од БиХ, кои славеа со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Со овие настапи македонските тенисери ја завршија неделата со значајни искуства и добри резултати, кои се охрабрувачки за нивниот понатамошен развој.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!