Останато

Лина Ѓорческа загуби финале во Букурешт, но стигна до нови поени

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши своето учество како финалистка на силниот W75 турнир во Букурешт, кој се играше за награден фонд од 60.000 долари. Во борбата за титулата, Ѓорческа по голема битка беше поразена од актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос, Австријката Лили Тагер, со 2-1 во сетови (4:6, 6:3, 4:6) по 2 часа и 35 минути игра.

Со овој пораз прекината е серијата од девет последователни победи на Ѓорческа, која сепак може да се пофали со импресивен биланс од 17 победи на последните 20 меча.

Во првиот сет Лина имаше одличен старт со предност од 2:0 и 3:2 во гемови, но Тагер го презеде ритамот и успеа да го добие сетот со 6:4. Во вториот сет повторно се водеше израмнета битка до 3:3, по што Ѓорческа со три врзани гема обезбеди изедначување (6:3). Решавачкиот трет сет започна одлично за македонската тенисерка која поведе со 2:0 и ја продолжи серијата на пет освоени гема во низа. Но, во финишот Австријката ја презеде иницијативата и по 4:4 успеа да освои два последователни гема и да стигне до титулата.

Ова финале е петто за Ѓорческа во 2025 година и вкупно 40-то во нејзината кариера, во која досега има освоено 15 титули, од кои две оваа сезона.

За пласманот во финалето, Ѓорческа освои 49 ВТА поени, со што од понеделник се очекува да се најде на 207. место на светската ранг-листа со вкупно 343 поени. Следната недела, најдобрата македонска тенисерка ќе настапи на турнир во Куршумлијска Бања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!