ФудбалФудбалска репрезентација

Македонија У18 со минимална победа над Индонезија на контролен меч во Банско

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години славеше минимално со 1:0 против селекцијата на Индонезија во пријателскиот натпревар одигран во Банско, Бугарија.

Нашите млади фудбалери од самиот почеток ја наметнаа својата игра и креираа неколку добри прилики. Најпрво Габриел Талевски се обиде во 30. минута со удар од 18 метри, но индонезискиот голман реагираше сигурно. Само неколку минути подоцна, по мешаница во противничкиот шеснаесетник, најснаодлив беше Иван Танчев кој ја испрати топката во мрежата за водство од 1:0.

Во второто полувреме Македонија продолжи со офанзивен пристап и неколку обиди за зголемување на предноста. Најблиску до гол беше Давид Ангелески во 55. минута со силен удар од 25 метри, кој замина малку над пречката. Иако создадоа уште неколку полушанси, „црвено-жолтите“ не успеаја да реализираат, па резултатот остана непроменет до крајот.

Селекторот Димитар Капинковски го искористи контролниот меч за да им даде минутажа на сите повикани фудбалери, правејќи повеќе измени во второто полувреме.

Македонија следниот тест ќе го одигра на 17 септември на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје против селекцијата на Унгарија.

За Македонија играа:
Дарко Јовчев, Павел Марковски, Мухамед Мустафи, Андреј Димовски, Матео Кесиќ, Давид Ангелески (капитен), Иван Танчев, Габриел Талевски, Стефан Бранковски, Матеј Сејменов, Дамјан Буцевски.
Влегоа уште: Александар Трајков, Стефан Стаматовски, Стефан Секирски, Рочи Албан, Бојан Велков, Стефан Бујаровски, Јован Мрмачковски, Душан Заев, Флори Иљази, Иво Марковски, Мартин Ѓоргиев, Флоран Османи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!