Останато

Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова Рашиќ успешно ги завршија своите настапи на СП во атлетика во Токио

Сподели
ФОТО: АФМ
Сподели

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го забележа својот настап на маратонската трка на Светското првенство во атлетика кое викендов се одржува во Токио.

Ивановски успеа да ја заврши трката и со време од 2:26,31 часа се пласира на 58. позиција во конкуренција на 90 најдобри маратонци од светот. Зад него останаа уште осум атлетичари кои ја комплетираа патеката, додека дел од учесниците воопшто не успеаја да ја завршат трката.

Ден претходно на патеката настапи и Адријана Поп Арсова Рашиќ, која во женска конкуренција го освои 62. место, со што Македонија имаше двајца свои претставници во маратонските дисциплини на Светското првенство.

Финалето во машкиот маратон понуди вистинска драма. Во неверојатен фото-финиш, Алфонс Феликс Симбу од Танзанија го освои златниот медал со време од 2:09,48 часа, идентично со второпласираниот Германец со етиопско потекло Аманал Петрос. Победникот беше решен буквално во последните метри, кога Симбу успеа да го надмине својот ривал. Само пет секунди подоцна, на целта пристигна и Илиас Ауани кој со резултат од 2:09,53 часа го освои третото место.

Овој настап за Ивановски и Поп Арсова Рашиќ претставува уште едно големо искуство во нивните атлетски кариери и потврда дека македонската атлетика чекори напред на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

Останато

Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџерот во Палермо

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во...

Останато

Газели Волеј со две интернационални засилувања: Сохила Вафек и Николета Капици во составот за новата сезона

Газели Волеј го комплетира составот за сезоната 2026/27 со две интернационални засилувања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!