Трета лигаФудбал

Во Валандово се слави – Победа го доби Ударник, пораз за Тиверија, триумф за Овче Поле

Сподели
ФОТО: ФК Победа Валандово
Сподели

Денес беа одиграни натпреварите од 2. коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток, кои донесоа многу возбудувања и драматични моменти.

Малеш – Дојранско Езеро 1-2

На домашен терен во Берово, Малеш доживеа нов пораз. Денил Дестанов погоди за домашните, но гостите од Дојран приредија пресврт – Роберто Велев израмни, а Глигор Јанкулов во 91. минута донесе победа за Дојранско Езеро.

Тиверија – Рудар 0-1

Во Струмица, Рудар од Пробиштип славеше минимално. Херој за гостите беше Никола Илиевски, кој го постигна единствениот погодок.

ФОТО: ФК Карбинци

Овче Поле – Карбинци 2-1

Во Свети Николе, домашниот тим со два гола на Трајче Илиев дојде до триумф. За Карбинци стрелец беше Христијан Крстов, но недоволно за бодови. Овој натпревар требаше да се игра во Карбинци, па истиот се играше во Свети Николе, односно двете екипи направија промени, а по повод празникот на градот и 100 години од постоењето на клубот, од страна на ФК Овче Поле беше организиран настан Увид во работата на изградбата на долгоочекуваната соблекувална”.

Брегалница Делчево – Светлост Зрновци 4-1

На градскиот стадион во Делчево, Брегалница одигра доминантен меч. Јован Дојчинов постигна два гола, а по еден додадоа Бојан Петровски и Драган Стоиловски. За гостите од Зрновци, Славче Митовски беше единствениот стрелец.

ФОТО: ФК Победа Валандово

Победа Валандово – Ударник 3-0

Во Валандово, Победа забележа убедлива победа. Стојанчо Наков погоди уште во 7. минута за водство, а во второто полувреме Никола Костадинов и Филип Зајков ги поставија конечните 3-0.

Верните „Калинкари“ направија вистинска ерупција на стадионот во Валандово, а Победа прослави голема победа во дербито со тимот од Пирава.

Во второто коло слободна беше екипата на Хоризонт Турново.

Со овие резултати, уште од самиот старт лигата носи неизвесност, а повеќе екипи покажуваат дека ќе има жестока борба и на врвот и во долниот дел од табелата.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!