Втора лигаФудбал

„Ајдуците“ се мобилизираат – Беласица подготвена за дербито со Детонит Плачковица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Навивачката група „Ајдуци“ најави силна мобилизација и масовно присуство на утрешниот дерби-натпревар на Беласица против Детонит Плачковица од Радовиш. Верните поддржувачи на струмичкиот клуб преку транспаренти и повици по социјалните мрежи ги повикуваат сите љубители на „плаво-белите“ да бидат дел од големата вечер под рефлекторите.

Собирот на навивачите е закажан за во 17:30 часот во малиот парк во Струмица.

Фудбалската еуфорија во Струмица расте за дуелот од 4. коло во Втората лига, а управата на Беласица поради огромниот интерес донесе одлука да ја отвори и северната трибина на стадионот „Благој Истатов“.

ФОТО: Спортска Мрежа

Натпреварот ќе започне во недела од 19:00 часот и покрај големото дерби, ќе има и свечен момент посветен на клупската легенда Петар Андреев, кој со 555 настапи и 22 сезони во дресот на Беласица остави неизбришлива трага во историјата на клубот.

Од клубот апелираат сите присутни да придонесат за фер и спортска атмосфера. Се очекува „Благој Истатов“ да биде исполнет до последно место, што гарантира спектакуларна вечер за сите љубители на фудбалот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!