Ракомет

Стартува продажбата на сезонски билети за ГРК Охрид

Сподели
Сподели

ГРК Охрид ја започна продажбата на сезонските билети за сезоната 2025/26, токму во пресрет на стартот на новата Суперлига! Секој што ќе купи сезонски билет ќе добие и оригинален дрес на клубот – сè по промотивна цена од 3000 денари.

Охриѓани веќе утре го играат првиот меч во новата сезона, на гостински терен во Автокоманда против Алкалоид во дерби соочување. Поддржете го клубот во сите натпревари од првата фаза и плеј-офот и бидете дел од новата ракометна приказна!

Доколку сакате само дрес, истиот е достапен по цена од 1800 денари.

Сезонските билети и дресовите може да ги набавите на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ или преку порака на официјалните профили на клубот на Фејсбук и Инстаграм.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката за врвот, но и неколку изненадувања. Охрид го доби дербито со...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!