Фудбалскиот клуб Напредок од Радово ќе учествува во новата сезона на Општинската фудбалска лига – Струмица.
Во пресрет на стартот, клубот организираше поголема акција за темелно уредување и чистење на фудбалскиот терен, со цел да обезбеди што подобри услови за одигрување на првенствените натпревари.
Овој терен беше запуштен и со години не се користеше за фудбал – тревата беше обрасната и просторот занемарен. Благодарение на акцијата, теренот е искосен и уреден, а клубот најавува дека ќе продолжи со негово одржување.

Во новата сезона на ОФЛ Струмица ќе настапат вкупно осум екипи – седум од струмичкиот регион и една од радовишкиот. Покрај Напредок од Радово, ќе играат и екипите на Ново Село, Пиперово, Добрејци, Куклиш, Дрвош и Балдовци, како и Слога од радовишкото село Злеово.
