Ракомет

Победи за Чаир, Металург Автокоманда и Ѓорче Петров на стартот од Женската Супер лига

Сподели
Сподели

Новата сезона во Женската Супер лига започна со убедливи победи на фаворитите, а првото коло донесе возбудливи дуели и високи резултати.

Чаир гостуваше во Битола и без поголеми проблеми славеше над Пелистер со 31-17. Гостинките уште по првото полувреме имаа висока предност од 16-6 и лесно го приведоа натпреварот до крај.

Металург Автокоманда исто така стартуваше моќно, совладувајќи го Вардар со убедливи 33-20. Иако гостинките се држеа во првите минути, домаќинките брзо ја презедоа контролата и обезбедија сигурна победа.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров го оправда фаворитското реноме со триумф над Куманово од 31-21. Иако кумановчанки добро парираа во првото полувреме и се доближија на минимална разлика, тимот од Ѓорче во второто полувреме доминираше и заслужено славеше.

Со овие победи, Чаир, Металург Автокоманда и Ѓорче Петров ја започнаа сезоната на најдобар можен начин, најавувајќи силна борба за врвот на табелата.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се...

Ракомет

Познати составите за клучниот европски дуел: Пелистер без Хаидаридад, Гумерсбах без Рогановиќ

Еурофарм Пелистер и Гумерсбах ги одредија ракометарите со кои ќе настапат во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!