Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 повторно подобар од Прилеп во пелагониското дерби

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер 2 со победа ја отворија новата сезона во Суперлигата, совладувајќи го тимот на Прилеп со 32-29 (16-15) во возбудливо и драматично дерби одиграно во салата „Ристе Ристевски – Ричко“.

Дуелот, кој беше реприза на финалето на турнирот „Миле Нешкоски“ од пред две седмици, повторно им припадна на битолчани. Првото полувреме мина во израмнета игра, но со минимална предност на избраниците на тренерот Александар Зарков, кои заминаа на одмор со 15-16.

Во вториот дел домаќините се вратија и поведоа со 23-22, но токму тогаш на сцена стапи Христијан Митревски, кој беше незапирлив и со своите 10 погодоци го водеше тимот кон нова победа. Клучен момент беше и одличната партија на голманот Мартин Јовановски, кој запиша 17 одбрани, меѓу кои и неколку во самиот финиш на натпреварот.

Во завршницата гостите покажаа повеќе концентрација, ја вратија предноста и без поголема драма го обезбедија триумфот со 32-29.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 беше Христијан Митревски со 10 гола, а по пет постигнаа Маркоски и Белистојановски. Кај Прилеп најрасположен беше Димитар Димитриоски, исто така со 10 погодоци.

Со оваа победа, Еурофарм Пелистер 2 ја продолжи својата импресивна серија и стигна до 25. триумф по ред, вклучувајќи ја и перфектната мината сезона во Првата лига.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!