РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: Задоволство ми е што работам со вакви фудбалери, нашиот фокус е на Лихтенштајн

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Репрезентација на Македонија одигра пријателски натпревар со Саудиска Арабија во Прага и загуби со 1:2. Нашиот национален тим поведе со фантастичниот гол со ножички на Александар Трајковски во 40. минута, но Саудиска Арабија израмни пред одморот со погодокот на Ал Брикан. Победничкиот гол го постигна Абдулах Ал Хамдан во 78. минута.

Селекторот Благоја Милевски веднаш по натпреварот даде и анализа на пријателскиот меч.

„Има многу моменти од кои сум задоволен, особено затоа што експериментиравме со составот. Добивме уште двајца играчи кои ќе ја засилат конкуренцијата во тимот. Веќе нагласив дека натпреварот со Лихтенштајн е од големо значење за нас, а сè останато служи како подготовка. Одигравме квалитетен меч против силен противник и навистина ми е задоволство што работам со вакви фудбалери. Сите се адаптираат на новата формација и задачите. Против Лихтенштајн ќе бидеме максимално мотивирани, како што сме на секој натпревар“, изјави селекторот Милевски.

Нашиот национален тим сега го очекува квалификациски дуел против Лихтенштајн в недела (18 часот) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во петтото коло од квалификациите за Светското првенство.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер ја врати неизвесноста во групата: по Гумерсбах, следува директен дуел со Гдањск

Победата над Гумерсбах со 29:28 ја промени европската перспектива на Еурофарм Пелистер. Битолчани стигнаа до три бода, а германскиот состав остана на четири...

Ракомет

Еден бод разлика: Алкалоид го чека Еурофарм Пелистер во Автокоманда

Алкалоид и Еурофарм Пелистер вечерва од 18 часот во салата Автокоманда ќе одиграат дерби што може да го промени распоредот веднаш зад водечкиот...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги дознаа противниците и распоредот во Европската лига 2027

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и термините за...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкари ги дознаа противниците и распоредот за Европската лига 2027

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и распоредот на...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Почнува трката за мундијалскиот состав – Лазаров со поширок список од 35 имиња!

Селекторот Кирил Лазаров ги откри имињата на ракометарите кои влегуваат во конкуренција...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!