РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Магичен гол на Трајковски, Македонија го загуби тестот со Саудиска Арабија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија забележа пораз (1:2) од Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар што се одигра во Прага на стадионот на Викторија Жижков.

Нашиот национален тим поведе со неверојатниот гол со ножички на Александар Трајковски во 40. минута, а Саудиска Арабија израмни непосредно пред одморот со погодокот на Фирас Ал Брикан.

Победата на Саудијците ја донесе Абдулах Ал Хамдан, откако со удар од далечина го совлада Столе Димитриевски во 78. минута од мечот.

Селекторот Благоја Милевски му даде шанса на Лука Станковски да дебитира како стартер на овој пријателски натпревар, а од почетокот на вториот дел заигра и Елмин Растодер, новото име во националниот тим, кој е член на Тун.

Од стартот на мечот, дел од постандардните репрезентативци, како капитенот Енис Барди, Елиф Елмас, Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Ѓоко Зајков, останаа на клупата за резерви, дел од нив добија шанса подоцна.

По воведните минути, Саудиска Арабија имаше поголем посед на топката, а и прва се закани во 27.минута, кога Ал Обод продре по левата страна. Тој имаше можност да шутира, но се реши за додавање во срцето на шеснаесетникот, каде Висар Муслиу успеа да расчисти.

Македонија возврати преку центаршутот на Деспотовски, но Лука Станковски за малку не успеа да ја стигне топката на вториот дирек.

Во 30. минута, Ал Шамат се закани со удар од далечина, но Столе Димитриевски одбрани и исфрли во корнер.

Десет минути подоцна, магија на Александар Трајковски. Изведе спектакуларен акробатски удар со ножички, ја зафати фантастично топката по нафрлувањето на Деспотовски и ја закова зад грбот на голманот на Саудиска Арабија.

Сепак, непосредно пред одморот, Саудијците успеаја да израмнат. Ал Брикан во 45. минута беше стрелец на голот за Саудиска Арабија.

Во второто полувреме, неколку замени во двете селекции. По еден час игра влегоа и Енис Барди и Елиф Елмас, претходно и Илиевски, Растодер, Ќамили во нашиот тим.

Немаше изразени можности за погодок сѐ до финишот на мечот.

Во 78. минута, Саудиска Арабија успеа да поведе. Ал Хамдан одзеде топка на 30 метри од голот на Македонија, се доближи уште неколку метри и потоа се одлучи на силен и прецизен удар од далечина, совладувајќи го Столе Димитриевски.

Македонската фудбалска репрезентација сега се фокусира на важниот квалификациски натпревар против Лихтенштајн, кој ќе се одигра в недела (7. септември) на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 18 часот.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за ЕП 2026, Македонија ќе игра турнир во Турција

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го одржа собирот во Скопје, со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!