Турнири

Осмо издание на „Кул Куп“ – фудбалски спектакл во Скопје со учество на 64 екипи!

Сподели
ФОТО: ФК Кул
Сподели

Фудбалскиот клуб Кул од 6 до 8 септември 2025 година ќе биде домаќин на осмото издание на традиционалниот меѓународен турнир „КУЛ КУП“, кој ќе се одржи на терените на стадионот „Цементарница“ во Скопје.

Овој престижен турнир годинава ќе собере 64 младински екипи и над 850 учесници од Македонија, Србија и Хрватска, кои ќе се натпреваруваат во генерации 2014, 2015, 2016 и 2017. Очекувањата се дека посетеноста ќе биде на исклучително високо ниво, со повеќе од 3000 љубители на фудбалот.

Натпреварите ќе се играат на терени со природна трева, а организацијата ќе биде на врвно ниво. За најдобрите екипи се обезбедени пехари, медали и дипломи, а секое дете ќе добие вода и кондиторски производи по завршувањето на секој меч.

На турнирот ќе учествуваат бројни познати клубови, меѓу кои се:
ФК Партизан, ФК Осјек, ФК Македонија ЃП, ФК Шкупи, ФК Работнички, Академија Пандев Јуниор, како и уште многу домашни и странски екипи.

Годинава, по првпат, Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, со што љубителите на младинскиот фудбал ќе имаат можност да ја следат целата атмосфера, резултати и ексклузивни репортажи директно преку нашиот спортски портал.

Со вакви настани, ФК Кул уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на младинскиот фудбал и поттикнувањето на дружењето меѓу младите спортисти од целиот Балкан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Отворени пријавувањата за Меморијалниот турнир „Сашко Гелов – Шулц“ – обезбеден награден фонд од 300.000 денари

Во тек се пријавувањата за шестото издание на Меморијалниот турнир во мал...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!