Останато

Лина Ѓорческа во полуфинале на ИТФ турнирот во Слобозија, Романија!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, трет носител на турнирот, обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ W50 турнирот во Слобозија, Романија, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Во денешниот четвртфинален дуел, Ѓорческа ја совлада Хрватката Луција Ќириќ – Багариќ со 2-1 во сетови, по 100 минути игра. Иако ривалката го освои првиот сет убедливо со 6:1, Лина одигра извонредно во продолжението, препуштајќи ѝ само еден гем во наредните два сета.

Хрватската тенисерка поведе со 4:0 во првиот сет и го доби со 6:1, но македонската тенисерка веднаш возврати. Во вториот сет Ѓорческа поведе со 2:0, ривалката намали на 2:1, по што следеше серија од четири гема за 6:1 и израмнување во сетови. Решавачкиот трет сет Лина го одигра перфектно – без загубен гем за конечни 6:0 и пласман во полуфиналето.

Со оваа победа, Ѓорческа ѝ се реваншираше на Ќириќ – Багариќ за поразот во финалето во Ларнака минатата година.

Во полуфиналето, Лина ќе се сретне со домашната тенисерка Марија Попа, која исто така со пресврт славеше против Дарија Лодикова со 2-1 во сетови (1:6, 7:5, 6:2).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за својот голем...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!