ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од Кавадарци ја продолжува борбата за експресно враќање во елитата.

За тимот на ССК стрелци во поразот од 14. коло на Втората футсал лига беа Илија Алексовски, Несим Сулејман и Исени Таркан. За тимот од Кавадарци хет-трик постигна Ѓорѓи Стрезовски, двапати погоди Лазар Мицев, а по еднаш Никола Димов, Димитар Чоков и Горан Соколов.

Кратово пред домашната публика славеше триумф од 7:3 над тимот на Партизан Југ од Брвеница.

Дарко Мирков стигна до хет-трик за домаќинот, а двапати погоди Лука Давитковски, додека пак Кевин Јакимов и Никола Стојчевски беа стрелци на по еден гол.



За гостинот двапати погоди искусниот Даниел Радески, а пак во 34. минута гол постигна Марко Стојковски.

Со овие два натпревари се комплетираше 14. коло во Втората футсал лига, извештаите за претходните натпревари се достапни на Спортска Мрежа.

Што се однесува до самата табела на врвот е поранешниот шампион Железарец со 31 бод, втор е тимот на СЕЕ Университи со 30 бодови, Црна Река е трета со 27 бодови, а пак Каршиака е четврта со 25 бодови.

Овие четири екипи ја водат битката за тоа првите две места кои водат кон влез во Првата футсал лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!