Останато

Херојски подвиг на Марко Пејчиновски: 107 километри триатлон „Ironman“ и плакета од градоначалникот Пецаков

Сподели
Сподели

Младиот охриѓанец Марко Пејчиновски (19) уште еднаш ја потврди својата неверојатна спортска истрајност и ја помести границата на човечките можности. Тој успешно го реализираше својот модифициран триатлон „Ironman“, совладувајќи вкупно 107 километри со трчање, возење велосипед и пливање.

Предизвикот започна на 28 август 2025 година, токму на голем верски празник, кога Марко се прекрсти пред иконите на Богородица и ја започна својата мисија. На полноќ тргна од Свети Наум кон Струга, каде за 7 часа и 47 минути ја заврши тркачката делница од 42,2 километри. Потоа, следуваше велосипедската патека од Струга назад до Свети Наум, која ја совлада за 2 часа и 33 минути. Најтешкиот дел беше пливањето од Свети Наум до Охрид, за што му беа потребни неверојатни 9 часа и 29 минути.

Овој подвиг станува уште поголем ако се знае дека Марко боледува од ретка болест на левиот колк – Пертес, поради која му е отежнато одењето, но ниту тоа не го спречи да ги остварува своите соништа и спортски цели.

Големата истрајност и упорност на Марко не останаа незабележани. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, му додели плакета со лична посвета, истакнувајќи дека подвигот на Пејчиновски е „огромен спортски успех и инспирација за целата заедница“.

„Чест ми е што денеска имав можност лично да му честитам на нашиот спортски херој Марко Пејчиновски, кој минатата недела успешно го совлада „Ironman“ предизвикот долг 107 километри.

Неговиот подвиг е огромен спортски успех во историјата на Охрид, имајќи во предвид дека истиот е постигнат од толку млад човек.

Со цел соодветно да го вреднуваме уникатниот спортски подвиг, му доделив плакета со лична посвета на Марко, кој со својата упорност и истрајност е гордост за Охрид и инспирација за целата заедница. Му посакав уште поголеми идни успеси, со верба дека неговата спортска приказна ќе биде поттик за многу други млади охриѓани да чекорат по патот на дисциплината, здравјето и спортските предизвици.

Општина Охрид ќе продолжи да ги поддржува спортските подвизи на Марко и да дава поддршка онаму каде што е потребна.

Марко Пејчиноски има 19 години и е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци. Исто така Марко реализираше и 10 препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, што беше своевиден рекорд.

Во рамки на последниот „Ironman“ подвиг кој беше реализиран на 28-ми август 2025 година, Марко трчаше 7 часа и 47 минути од „Св. Наум“ до Струга, возеше вепосипед 2 часа и 33 минути од Струга до „Свети Наум“ и пливаше 9 часа и 29 минути од „Свети Наум“ до Охрид.“ – изјави Пецаков.

Ова не е првпат Марко да се впише во спортската историја на Охрид и Македонија. Тој е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци и има реализирано 10 препливувања на различни релации, со вкупна должина од 250 километри – својевиден рекорд.

Со последниот „Ironman“ триумф, Марко Пејчиновски уште еднаш докажа дека храброста, истрајноста и силната верба се клучот за совладување на најголемите предизвици.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Фудбалски празник во Пепелиште – Победа и Вардар Неготино ги поделија бодовите

Вистински фудбалски празник донесе третото коло на Трета лига регион 4 во Пепелиште, откако се соочија Победа и ланскиот второлигаш Вардар Неготино, во...

ФудбалФутсал

ФОТО: Дебитантот КМФ Шутка 1 се подготвува за настап во Втората футсал лига на Македонија

Екипата на Шутка 1 ќе биде дебитантот во Втората футсал лига на Македонија, откако овој клуб пријави учество за настап за првпат во...

Поврзани написи
Останато

Првата машка одбојкарска лига со нов формат: Бараж за сите 12 екипи за поделба во А и Б лига

Натпреварувачкиот систем во Првата лига мажи во сезоната 2026/2027 ќе претрпи промени....

Останато

Ален Рустемовски запрен во полуфиналето, но се враќа со бронза од ЕП во Софија

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на...

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!