ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Талентот Салим Арифи само што пристигна во Косово, а веќе тресе мрежи за Митровица!

Сподели
Сподели

Младиот фудбалски талент Салим Арифи ја продолжува својата голгетерска форма и во Косово, каде што во дресот на неговиот нов клуб Митровица веќе постигна два гола на самиот старт од новата сезона.

Арифи, кој е родум од Прилеп, важи за еден од најголемите таленти на Победа, со над 100 постигнати голови во сите младински категории на клубот.

Само на 18-годишна возраст, тој веќе се наметнува и во дресот на Митровица, каде што со своите погодоци покажува дека е голем потенцијал и за повисоки нивоа на фудбалот.

Според информациите до кои дојде Спортска Мрежа, неговиот договор содржи и откупна клаузула во висина од 100.000 евра – јасен сигнал дека станува збор за исклучителен талент. Очекувано, клубот од Митровица нема да го пушти лесно, бидејќи Арифи веќе блеска во косовскиот шампионат.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!