Искусниот Зоран Тасески постигна еден од најубавите голови во македонскиот футсал во сезоната 2024/2025.
Играчот на Бутел испрати вистински проектил од свртување во мрежата на Клими, а противничкиот голман остана „здрвен“ на гол-линијата.
Ваков погодок и ваква мајсторија ретко се гледаат на футсал терените!
Искусниот Тасески во минатото беше дел и од Љубанци, Скопје, Осогово, Кадино, Тетекс, Еуромилк ГЛ, Локомотива.