Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) Охрид со жестоки обвинувања по поразот од Шкендија Арачиново: „Ова беше селски фудбал“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во саботата второлигашот Охрид Лихнидос го забележа првиот пораз во новата сезона на Втората македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Шкендија Арачиново загуби со 2-1. По натпреварот, охридскиот клуб излезе со жестоко соопштение во кое упати сериозни забелешки за организацијата на мечот, судиските одлуки и условите на стадионот „Фортуна Хасан Бег“.

Од клубот потенцираат дека не бараат алиби за поразот, но нагласуваат дека се соочиле со дивеење на дел од управата, обезбедувањето и публиката, како и со некоректно судење и недозволиво однесување на теренот.

Соопштението на ГФК Охрид Лихнидос ви го пренесуваме во целост:

„За саботниот натпревар против екипата на Шкендија Арачиново одигран на теренот „Фортуна Хасан Бег“.
Никогаш не сме барале алиби за поразите во минатото, а така ќе биде и овој пат. Меѓутоа сакаме да укажиме на низа неправилности кои ни се случуваа на натпреварот.

Гостопримството на домаќинот траеше се до нашето водство во 5-тата минута после која почна дивеењето на дел од управата, на обезбедувањето, на публиката и ред други цивилни лица кои беа на теренот, а не знаеме која беше нивната функција.

Од страна на домашната екипа беа најавени амбиции за влез во Прва лига, а целата организација на овој натпревар беше на ниво пониско од третата македонска лига и наликуваше на селски фудбал.

На нашиот тренер после водството му беа упатувани ред закани од неидентификувани лица кои што мечот го следеа од теренот на неколку метри од нашата клупа, а на сето тоа делегатот остана нем.

По црвениот картон кој му беше доделен на Гоце Толески, тој беше вербално нападнат и буквално исфрлен од стадионот од страна на обезбедувањето и не му беше дозволено да влезе во соблекувална да се преоблече, само поради неговата присебност не дојде до ескалација на случувањата.

Нивото на судијата Стојанов и неговите помошници беше идентично со нивото на организацијата која што наликуваше на натпревар од пред неколку децении.

Во текот на целото второ полувреме недостасуваа топки позади головите и по страните, буквално се играше со една топка, а при укажување кај четвртиот судија, тој ни кажа дека нивната комуникација не е поврзана електронски како што е тоа случај во претходни натпревари.

Нашиот капитен реагираше кај делегатот поради недостатокот на топки, при што доби одговор: „играјте и ќутете“.

Публиката во текот на целиот натпревар употребуваше пиротехнички средства кои беа фрлани на теренот помеѓу нашите играчи, а исто така во повеќе наврати беа фрлани разни предмети, за кои ние како клуб на секој натпревар имаме строга забрана за внесување.

Повторно ќе напоменеме дека не бараме алиби за поразот и понатака ќе продолжиме да се однесуваме професионално и на сите екипи кои гостуваат кај нас ќе им овозможиме крајно гостопримство како што тоа било до сега, а воедно бараме вакво нецивилизирано и насилничко однесување да не се повтори. Македонскиот фудбал треба да оди нанапред, а не да се враќа неколку децении назад“, се вели во соопштението на охридскиот второлигаш.

По две одиграни кола, Шкендија Арачиново е лидер во Втората лига со максимални 6 бодови, додека Охрид Лихнидос има само 1 бод и моментално се наоѓа на 13-тото место на табелата.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!