ФудбалФудбалска репрезентација

Убедлива победа со три гола за Македонија во Рига над Летонија, Ќамили со деби гол во репрезентативниот дрес!

Сподели
ФОТО: Futbols
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија заслужено победи во дуелот со Летонија од третото коло од новото издание од Лигата на нации во групата Ц со резултат од 0:3 во Рига.

Избраниците на Милевски одиграа одлично прво полувреме, во кое има иницијатива, создаваа шанси, а од нив Македонија реализираше една за водство од 0:1 на полувреме со голот на Јани Атанасов.

Во второто полувреме Летонија беше подобра започна да прави притисок и имаше повеќе посед на топката. Но, Летонија играше, а Македонија постигна гол за 0:2 преку Лирим Ќамили кој откако влезе во игра по само четири минути на теренот даде гол за 0:2. За Ќамили ова е гол првенец во дресот на македонската репрезентација.

По тој гол Летонија се обидуваше за било што, но Македонија во финишот на мечот дојде до нов гол откако Барди одеше напред кон голот на протовникот се одби топката, па тој отпадот одлично го закачи Елмас кој постигна атрактивен гол за конечни 0:3.

Следен меч за Македонија ќе биде за три дена односно в недела против Ерменија од 18 часот.

Македонија сега има седум бодови на своето конто, а конечниот изглед на нашата табела ќе биде познат по одигрување на мечот меѓу Фарски Острови и Ерменија кој се игра вечерва.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!