Втора лигаФудбал

Аљбан Ферати е слободен играч – кариерата ќе ја продолжи во нова средина!

Сподели
Сподели

Младиот и талентиран фудбалер Албан Ферати е слободен играч, откако реши да си замине од второлигашот Шкендија Арачиново и кариерата да ја продолжи во нова средина.

Се работи за 21-годишен десен бек, кој за Шкендија Арачиново одигра 40 натпревари во две сезони, со 35 асистенции, што потврдува дека се работи за исклучително талентиран играч, кој веќе е на радарот на неколку екипи со високи амбиции.

Во својата кариера беше дел и од младинските категории на Шкупи, а фудбалските почетоци ги бележи во ФК Фортуна 2009.

Во следниот период ќе биде познато каде 21-годишниот Ферати ќе ја продолжи својата кариера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер втор фаворит за европскиот трофеј!

Еурофарм Пелистер доби високо признание од Европската ракометна федерација пред стартот на новата сезона во Европската лига. Македонскиот вицешампион се најде на второто...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија со домашен меч против Јужна Африка го отвора новиот Дејвис куп циклус

Македонската Дејвис куп репрезентација новата сезона ќе ја започне со натпревар на домашен терен против селекцијата на Јужна Африка во рамки на Светската...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!