Екипите кои се натпреваруваат во Третата македонска фудбалска лига – Исток добија по 20 фудбалски топки како донација од ФФМ пред стартот на новата сезона.
Фудбалските топки беа доделени во канцелариите на ОФС Кочани, а оваа донација е обезбедена директно од ФФМ.
„Во канцелариите на ОФС – Кочани, на сите екипи кои се натпреваруваат во Трета Фудбалска лига – Исток им беа доделени по 20 нови фудбалски топки. Оваа донација е обезбедена директно од ФФМ, како потврда дека грижата за сите клубови – без разлика на рангот – е приоритет. Голема благодарност до претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ и неговиот стручен тим за поддршката. Со оваа помош, екипите полесно ќе го подготват тренажниот процес пред стартот на новото првенство, кое започнува на 7 септември“, рече претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов.
Во новата сезона во Трета лига – Исток ќе се натпреваруваат 11 екипи.