Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со историска „петарда“ – Башкими немоќен во Куманово

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Екипата на Струга Трим Лум продолжува со својата доминација во Првата македонска фудбалска лига, забележувајќи ја и четвртата победа од исто толку одиграни натпревари на стартот од сезоната.
Поранешниот шампион во 4. коло на гостувањето во Куманово го совлада Башкими со убедливи 0-5, што е најголемата гостинска победа во историјата на клубот во елитата.

Натпреварот започна отворено, но клучниот момент се случи во 23. минута, кога офанзивецот на Башкими, Марко Симоновски, по груб старт над Гледи Мици со помош на ВАР беше исклучен. Од тој момент, на теренот постоеше само една екипа – Струга Трим Лум.

Само минута подоцна, Камил Компаоре ја отвори серијата голови за 0-1, а во 35. минута по асистенција на Буњамин Шабани, Марјан Радески зголеми на 0-2.

Во второто полувреме, Струга го потврди своето супериорно темпо. Во 56. минута Компаоре со својот втор гол донесе водство од 0-3, а во 68. минута капитенот Шабани реализираше по брза контра за 0-4. Конечните 0-5 ги постави Христијан Малески во 87. минута.

Со овој триумф, Струга Трим Лум останува тим со максимален ефект – 12 бодови од четири натпревари и вкупна гол-разлика 12:1, потврдувајќи ја својата улога како главен фаворит за одбрана на титулата.

Во следното 5. коло, по репрезентативната пауза, Струга Трим Лум ќе ја пречека екипата на Шкупи, додека Башкими гостува кај Вардар во Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!