Прва лигаФудбал

Турчинот Алпарслан Ердем е нов тренер на Работнички

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Фудбалскиот клуб Работнички назначи нов шеф на стручниот штаб – турскиот стратег Алпарслан Ердем. Одлуката доаѓа само два дена по разделбата со Бојан Маркоски, кој го напушти клубот поради слабите резултати на стартот од сезоната.

Ердем потпиша договор до крајот на тековната сезона со можност за продолжување на соработката. Турскиот стручњак не е непознато име за македонскиот фудбал – минатата сезона го водеше тимот на Шкупи, што му овозможува добро познавање на Првата македонска фудбалска лига и нејзините конкуренти.

Како фудбалер, Ердем има богата кариера настапувајќи за екипи како Вердер Бремен, Галатасарај, Генчлербирлиги, Истанбул Башакшехир и Фатих Карагумрук. Во тренерската кариера, работеше како помошник на Франческо Фариоли и Андреа Пирло во Карагумрук, а во 2023 година го презеде тимот како главен тренер.

Работнички минатата сезона заврши на третата позиција во првенството и обезбеди настап во квалификациите за Конференциската лига, но стартот на новата сезона беше под очекувањата – по три одиграни кола, тимот има само еден бод и сè уште нема постигнато гол.

Со доаѓањето на Ердем, „романтичарите“ се надеваат на пресврт и подобри резултати, како во домашното првенство, така и во европските настапи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!