Втора лигаФудбал

Победа се засили со голгетерот Игор Ѓорѓиев – Тоти

Сподели
Сподели

Второлигашот Победа од Прилеп за предизвиците во новата сезона промовираше ново засилување се работи за Игор Ѓорѓиев – Тоти, кој во прилепскиот тим доаѓа од редовите на новиот второлигаш Слога Виница.

Ѓорѓиев минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци во Трета лига – Исток за екипата на Слога Виница, а сега доаѓа да тресе мрежи за Победа, која во новата сезона одново ќе цели кон директен и сигурен опстанок.

26-годишниот фудбалер во минатото настапуваше и за Тиквеш, Каменица Саса, Росоман, Плачковица, Вардар Неготино, Марена, а фудбалерот од Кавадарци својата фудбалска кариера ја започна во Тиквеш.

Своето деби за Победа, Ѓорѓиев ќе го има денес на мечот против неговиот поранешен клуб Каменица Саса на домашен терен.

Екипата на Победа сезоната ја отвори со пораз во првото коло од Новаци на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со позитивен биланс против Словенија, но и со голем предизвик во Љубљана

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува осмиот меѓусебен натпревар против Словенија, овојпат во рамките на второто коло од Лигата на нации. Дуелот на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје е лидер на табелата со 18 освоени бодови. Тимот од Пржино...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!