ИнтернационалциФудбал

Шкендија ги дозна ривалите во историскиот настап во Конференциската лига – какви се шансите за бодови?

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот шампион Шкендија за првпат во клупската историја ќе игра во групната фаза на Конференциската лига, а ждрепка во Монако ги одреди противниците на тетовскиот клуб за есенската европска авантура.

Избраниците на Јетон Беќири ќе се соочат со шест ривали: Слован Братислава, Рајо Ваљекано, Јагјелонија, Дрита од Косово, Шелбурн од Ирска и АЕК Ларнака. Сите домашни натпревари Шкендија ќе ги одигра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, а точниот распоред на натпреварите ќе го објави УЕФА во недела.

Тетовчани ќе имаат сериозни предизвици, особено против фаворитите од првиот, вториот и третиот шешир – Слован Братислава, Рајо Ваљекано и Јагјелонија. Сепак, според анализите, реални шанси за освоени бодови постојат во дуелите со Дрита, Шелбурн и АЕК Ларнака, каде што Шкендија ќе бара максимален ефект.

Според проекциите, за пласман во нокаут-фазата ќе бидат потребни најмалку шест до седум бода и солидна гол-разлика. Првите осум екипи од групната фаза обезбедуваат директен пласман во осминафинале, додека тимовите од 9. до 24. место ќе играат плеј-оф за влез во елиминациите.

Есенва, Шкендија ќе биде вториот македонски клуб по Вардар (2017) кој ќе игра групна фаза во едно европско натпреварување. Натпреварите започнуваат крајот на септември, а македонскиот шампион со оптимизам ја чека можноста да испише нова страница во историјата на македонскиот клупски фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!