РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станиќ го објави списокот за стартот на квалификациите против Полска и Италија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ, го соопшти списокот со фудбалери повикани за првите натпревари од новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2027.

Младата селекција на Македонија квалификациите ќе ги отвори на 5 септември во Краков против Полска, а четири дена подоцна, на 9 септември, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе го пречека големиот фаворит во групата – Италија.

Список на повикани фудбалери:

Голмани:

  • Васко Василев (Работнички)

  • Љупче Џеков (Силекс)

  • Славе Вргов (А.П. Брера)

Одбрана:

  • Давид Даилоски (Венло, Холандија)

  • Андрија Димески (Вождовац, Србија)

  • Андреј Аризанкоски (А.П. Брера)

  • Ѓорге Џеков (Силекс)

  • Анес Мелиќи (Шкендија)

  • Нуман Ајетовиќ (Шкендија)

  • Меметриза Хамза (Струга Трим Лум)

  • Џезаир Авдули (Арсими)

Среден ред:

  • Матеј Ангелов (Работнички)

  • Ѓорѓи Дошев (Македонија Ѓ.П.)

  • Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска)

  • Теодор Николовски (Работнички)

  • Мартин Ѓоргиевски (А.П. Брера)

  • Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија)

Напад:

  • Димитар Данев (Вардар)

  • Димитар Трајков (Полисја, Украина)

  • Михаил Талески (Вардар)

  • Кире Стојанов (А.П. Брера)

  • Дашмир Елези (Работнички)

  • Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.)

„Во составот има неколку измени во однос на последниот собир и контролните натпревари со Косово. Промените се направени врз основа на формата на играчите. Некои изгубија место за овие натпревари, но тоа не значи дека нема повторно да сметаме на нив ако го потврдат квалитетот на клупските натпревари.

Комплетни сме и немаме проблеми со повреди. Сега сме целосно фокусирани на дуелот со Полска, кој е тежок, особено бидејќи квалификациите ги отвораме на гостински терен. Верувам во тимот, имаме капацитет, но мора максимално да го искористиме краткиот период за подготовки. За Италија ќе размислуваме по враќањето во Македонија.“- изјави Станиќ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!