Новата сезона од Третата кошаркарска лига на Македонија ќе започне на 26. октомври, а во истата учество ќе земаат 21 екипа, кои ќе бидат поделени во три групи (А, Б и В) со по седум екипи во секоја група, а тоа ќе значи дека во секое коло и во секоја група ќе има по една слободна екипа.
Во групата А сместени се екипите на Тетекс, Феникс Баскет, Љуботен, Дебар, Гостивар, Младинец и екипата на Куманово. Во групата Б ќе играат екипите на ИБА Баскет, Хераклеа, Овче Поле, Чаир, Конзули и Спортисимо. Во групата В ќе настапуваат екипите на Струмица, Гевгелија, Баскет Кам, Вардар, Ролинг, Дино Баскет и Шкупи.
Во есенската полусезона или првиот дел од сезоната ќе се одиграат седум кола, а пак во вториот дел од сезоната или пролетниот дел натпреварите од осмото до 14. коло.
Во рамки на првото воведно коло од група А слободна ќе биде екипата на Тетекс, а пак Феникс Баскет на домашен терен ќе игра со Куманово, Младинец ќе го пречека Љуботен, а добра пак Дебар ќе се соочи со Гостивар.
Во првата рунда од група Б слободна ќе биде екипата на ИБА Баскет, а пак Мега Баскет на домашен терен ќе игра со Чаир, Конзули ќе го пречека тимот на Овче Поле од Свети Николе, Хераклеа ќе игра со Спортисимо.
Во првото коло од група В на Третата кошаркарска лига слободна ќе биде екипата на Струмица, додека пак Вардар ќе игра со Ролинг, Дино Баскет дома против Баксет Кам, Гевгелија сезоната ја отвара против Шкупи.
Во новата сезона се очекува голема и неизвесна трка околу местата кои водат кон пласман во Втората кошаркарска лига на Македонија.