КупФудбал

Беласица го исфрли прволигашот Арсими од Купот – Александар Коцев е херојот на Беласица!

Сподели
Сподели

Беласица приреди сензација и успеа да го елиминира новиот прволигашот Арсими од Чегране по изведување на пенали, во возбудлив натпревар од 1/16-финалето на Купот на Македонија (2-2 во регуларниот дел, 3-2 пенали).

Арсими во Струмица резултатот го отвори преку Џемиљ Јахији во 45. минута од натпреварот за 0:1 на полуреме. Во вториот дел Беласица преку Коцев израмни на 1:1 во 51. минута, а потоа Дејан Перович во 56. минута донесе нова предност од 1:2 за Арсими.

Во 84. минута од мечот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица црвен картон заработи Башким Велија, а веќе една минута подоцна Живко Крстев обезбеди 2:2.

Пенал-серијата се покажа кобна за Арсими, а среќна и успешна за Беласица.

По Беласица, вчера следна фаза од Купот обезбедија Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, Охрид и Детонит Плачковица, а пак Арсими по Брера Струмица е вториот прволигаш кој е елимиран уште во првата фаза на Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Убедлива победа за одбојкарките на Струмица над Универзитет во Тетово

Поранешниот шампион на Македонија, Струмица, забележа убедлива победа од 3:0 во сетови над Универзитет во Тетово на домашен терен. Струмичани во сите три...

Втора лигаФудбал

Втора лига пред важна есенска разврска: Врвот под притисок, средината во три бода, опасната зона засега недостижна за бегство

Дванаесеттото коло во Втората македонска фудбалска лига може да донесе промена на второто место, прегрупирање веднаш зад водечката тројка и значајно приближување во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кратово се израдува на првата сезонска победа откако ја декласираше Победа, Мартин Мишевски со пет гола

Футсалците на Кратово стигнаа до својата прва сезонска победа оваа сезона откако...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека дебитантот Шутка 1 во „Јасмин“

Црна Река утре на домашен терен во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци...

Втора лигаФудбал

Величков ќе суди во Битола, Ралевски го доби дербито Охрид – Беласица: Познати судиите за 12. коло во Втора лига

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите и службени лица за седумте...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!