КупФудбал

ВИДЕО: „Калинкарите“ грмат во еден глас – Победа Валандово ќе има огромна поддршка од трибините!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По неколку години Победа од Валандово се врати во Трета лига – Исток и клубот ќе биде одново активен во сениорска конкуренција, а вчера го одигра и првиот официјален меч откако во првата фаза од Купот на Македонија на домашен терен играше со второлигашот Брегалница од Штип, а овој меч заврши со триумф од 0:6 за штипските „сини“.

Радува фактот што Победа се врати на фудбалската карта, радува фактот што се врати и публиката на Градскиот стадион во Валандово, но тоа што тука се верните „Калинкари“ кои ќе даваат силна поддршка од трибинините за нивниот миленик за настапите во Трета лига – Исток.

Вчерашниот натпревар беше за чиста десетка – ФК Победа се покажа како одличен организатор на натпреварот, добар домаќин, трибините на Градскиот стадион во Валандово беше исполнета во целост, збогатена навивачка атмосфера со „Калинкарите“, а пред започнување на натпреварот беше интонирана химната на Република Македонија.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАВИВАЧКТА АТМОСФЕРА ВО ВАЛАНДОВО – ГРМАТ „КАЛИНКАРИТЕ“:

Јасно е дека Валандово го сака фудбалот, јасно е дека спортот во Валандово се враќа, а за големо поздравување е организацијата и тоа што конечно фудбалот оди во нагорна линија.

На 7 септември започнува новата сезона во Трета лига – Исток, а во првото коло екипата на Победа ќе биде слободна, додека пак во второто коло ќе игра дерби со Ударник од Пирава, што ќе биде вистински фудбалски празник.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!