Екипите на Бумел и Сатеска се финалисти на „Богородица Куп“ – турнир во мал фудбал кој се игра во Волино.
Во полуфиналето екипата на Брумел преку пенали славеше голема победа над Инекс Олгица и со тоа се чекираше во големото финале.
Во регуларниот дел немаше погодоци (0:0), а во пенал-серијата подобра беше екипата на Брумел, додека пак пеналите се покажаа кобни за Инекс Олгица.
Во вториот меч Сатеска со 3:0 лесно го преслуша тимот на Чардак Велгошти и закажа финална пресметка со Брумел.
Во натпреварот за трето место ќе се соочат Инекс Олгица против Чардак Велгошти од 20:30 часот, додека пак од 21:30 часот се игра големото финале меѓу Сатеска и Брумел.
Утрешниот натпревар за третото место, како и големото финале ќе можете да го следите во ЖИВО на официјалната фејсбук страница на турнирот „Богородица Куп“.
Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.