Турнири

Охрид го совлада Еурофарм Пелистер и го освои трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид приредија вистинска ракометна вечер и пред својата публика го освоија првиот трофеј на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“. Во финалниот натпревар, одигран во СРЦ „Билјанини Извори“, охриѓани ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер со 31-26, освојувајќи ја титулата во голем стил.

Битолчани го отворија мечот подобро и поведоа со 0-2, но „гладијаторите“ од Охрид брзо ја презедоа иницијативата и со серија од пет неодговорени погодоци направија целосен пресврт за водство од 5-2. Тренерот на Пелистер, Рубен Гарабаја, се обиде да ја консолидира играта преку тајм-аут, а неговите избраници успеаја да се вратат во егал и дури поведоа со 10-9. Сепак, домаќините одговорија со силна серија и на одмор заминаа со предност од 12-10.

Во второто полувреме охриѓани играа уште поорганизирано и дисциплинирано. Одбраната на Борис Ројевиќ функционираше одлично, голманот Блажески имаше клучни интервенции, а нападот предводен од Дарко Ѓукиќ и Ловро Јотиќ постојано ја користеше секоја грешка на противникот. Охрид поведе со највисоки +5 (23-18), што донесе нов тајм-аут за Пелистер.

ФОТО: Спортска Мрежа

И покрај тоа, пелистерци се вратија на минус два (24-22) и во неколку наврати имаа шанси да ја направат завршницата поинтересна, но Охрид не дозволи изненадување. Со прецизни удари на Кукуловски и смирената игра во нападот, домаќините ја одржуваа предноста и на крајот триумфираа со заслужени 31-26.

ФОТО: Спортска Мрежа

Дарко Ѓукиќ беше најефикасен кај победничкиот тим со шест погодоци, а одличен настап имаше и Ловро Јотиќ со четири. Кај Еурофарм Пелистер најмногу се истакна Дејан Манасков со седум гола.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со ова, охриѓани го освоија првиот трофеј на својот меморијален турнир, а втор последователен ова лето, по успехот на Струшкиот турнир. Публиката во Охрид имаше повеќе од причина за славје – „гладијаторите“ уште еднаш потврдија дека ќе бидат сериозен конкурент на врвот во претстојната сезона.

ФОТО: Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Пицерија Дивино со лото победа, Џокер Фурка со убедлива победа на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

Турнири

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!