Турнири

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Сподели
Сподели

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа одлично претставување на силниот турнир „Football Winter Mini Cup 2025“, кој за првпат се одржа во Богданци, а кој Спортска Мрежа медиумски го поддржа.

Генерацијата 2014 одигра фантастичен турнир и го освои второто место, со биланс од пет победи, едно реми и еден пораз – токму во големото финале, каде несреќно загубија минимално со 2:0 од екипата на ФК Тони. Одличните партии на младиот Стефан Ристов не поминаа незабележано – тој беше прогласен за најдобар играч (МВП) на турнирот во генерација 2014 и дополнително ја освои наградата за најдобар стрелец.

Генерацијата 2015 исто така имаше солиден настап и заслужено го освои петтото место, прикажувајќи борбена игра и квалитет кој ветува за иднината.

Организацијата на „Football Winter Mini Cup 2025“ помина одлично, турнирот го собра најдоброто од младинските школи во регионот и претставува важна мотивација и поттик за следните генерации млади фудбалери.

Детонит Плачковица уште еднаш покажува дека работи квалитетно со младите категории и дека иднината на клубот е во сигурни раце.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!