Ракомет

ФОТО: Вардар го совлада Тримо и му овозможи финале на Еурофарм Пелистер!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 славеа важна победа над Тримо Требње со 32-30 на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Со овој триумф, вардарци обезбедија пласман во мечот за третото место, но истовремено му направија голема услуга на својот најголем ривал, Еурофарм Пелистер, кој со тоа доби шанса да се бори за трофејот во финалето.

Словенечкиот тим подобро го започна натпреварот и на почетокот лесно ја пробиваше одбраната на Вардар, поведувајќи и со четири гола предност. Вардарци имаа проблеми во нападот и примаа лесни голови, па на полувремето се замина со водство на Тримо од 16-15.

Второто полувреме донесе сосема поинаков Вардар. Со головите на Талески, Хориха и Боно, скопскиот клуб презеде контрола врз играта и успеа да се одлепи на 29-25. Сепак, Словенците не се предаваа – со серија на Цингесар и Мајсторовиќ се вратија на само гол негатива (31-30) во завршницата.

ФОТО: Спортска Мрежа

Клучниот момент го реши пивотот Јанковски, кој погоди во последната минута за 32-30, а Тримо не успеа да реализира во својот последен напад.

Со оваа победа, Вардар ќе игра за третото место на турнирот, а Еурофарм Пелистер доби голема шанса да се бори за титулата во финалето.

ФОТО: Спортска Мрежа

Турнирот „Крсте Андоновски“ продолжува со возбудливи пресметки, а ракометната публика во Охрид ќе има можност да види уште едно големо дерби во завршницата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола, многу неизвесност и вистинска драма во самата завршница. Двете екипи поделија...

Втора лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот предводен од младиот стратег Ромео Кочоски блесна во Втората лига и...

Поврзани написи
Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!