Ракомет

Чировиќ: Мислам дека ја заслуживме победата над Еурофарм Пелистер, но задоволни сме и со големиот бод

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денеска, на првиот натпревар од четвртиот натпреварувачки ден од Охридскиот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, Динамо од Србија направи сензација и не дозволи да биде поразен од македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Гледавме еден интересен и многу возбудлив натпревар, со голема желба и жар. Иако се бореше до самиот финиш, дури и имаше водство, младата екипа на Динамо, освои голем бод. По натпреварот, за МВП беше избран токму нивниот голман- Никола Чировиќ. Тој, во кратка изјава ги сподели своите импресии за Спортска Мрежа, по натпреварот.

„Па нема што..беше јак натпревар уште од почетокот, мислам дека, сепак ја заслуживме победата, но на крајот сме задоволни со овој бод. Покажавме уште еднаш дека можеме да се бориме со секоја екипа. Млад тим сме, навистина покажавме и карактер, сила, и квалитет..овие момци имаат уште многу да покажат“, рече Чировиќ.

Исто така, ги сподели и своите импресии од турнирот во Охрид.

„Турнир како турнир, феноменално е тука, има силни екипи..остана тој жар за оваа победа, но ништо..што е, тука е..одиме напред“, истакна голманот, кој беше извонреден на голот на својот тим, со 16 интервенции.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига, а со тоа го имаме конечниот...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола, многу неизвесност и вистинска драма во самата завршница. Двете екипи поделија...

Поврзани написи
Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!