Втора лигаФудбал

ФОТО: ЖФК Билјанини Извори се врати од престижниот турнир во Србија – нова енергија за новата сезона

Сподели
Сподели

ЖФК Билјанини Извори се врати во Охрид по учеството на престижниот меѓународен турнир „Школа спорта и језика – Сурдулица 2025“, кој се одржа од 16 до 21 август во Сурдулица, Србија.

Охридскиот клуб, поранешен шампион на Македонија и учесник во квалификациите за Лигата на шампиони, го искористи овој турнир како одлична подготовка и воигрување за новата сезона, во која амбициите се насочени кон освојување на шампионската титула во Втората женска лига и враќање во елитното друштво.

Турнирот овозможи не само спортски натпревари, туку и размена на искуства, стекнување нови знаења, културни активности и зајакнување на пријателствата со клубови од регионот. Настапот беше поддржан од Општина Дебарца и градоначалникот Зоран Ногачески (главен спонзор за превоз) и Струга Трим Лум (главен спонзор), кои несебично го поддржуваат развојот и промоцијата на женскиот фудбал.

За време на турнирот, претседателот на ЖФК Билјанини Извори, Јовче Попоски, оствари значајна средба со двајца министри од Владата на Република Србија – Новица Тончев и Ѓорѓе Миличевиќ. Како знак на благодарност и спортска соработка, Попоски им подари дрес од македонската репрезентација и фудбалска топка со амблемот на ФФМ.

Под водство на тренерот Александра Рубаноска, охридските девојки се вратија со ново искуство, дополнителна самодоверба и силна мотивација за претстојната сезона, подготвени да ја испишат новата успешна страница во историјата на клубот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во Првата фудбалска лига. Тимот од Кавадарци имаше многу шанси, но Кристијан...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!