Трета лигаФудбал

Што се случува со ланскиот второлигаш Караорман од Струга?

Сподели
Натпревар на ФК Караорман | АРХИВСКА ФОТОГРАФИЈА
Сподели

Фудбалскиот клуб Караорман од Струга минатата сезона испадна од Втората македонска фудбалска лига и се врати по две години во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Минатата сезона беше повеќе од лоша за Караорман кој само две сезони успеа да одигра во Втората лига, а во ланската сезона како второлигаш имаше само четири победи, три ремија и 23 порази со најлоша гол разлика од само 19 постигнати погодоци, со што тоа беше најлошиот напад и примени неверојатни 71 гол со што Караорман ланската сезона ја имаше најлошата одбрана односно гол разлика од минус 52.

Меѓутоа што практично се случува во ФК Караорман во делот на структурите на клубот? До Спортска Мрежа пристигнаа разни информации, но затоа истите ги проверивме и оставивме простор во овој прилог на двете страни, а читателите на Спортска Мрежа ќе имаат можност да ги прочитаат ставовите на двете страни односно на Жарко Петрески, како што вели еден од иницијаторите за промени во ФК Караорман и претседателот на ФК Караорман, Ѓорѓи Жупан.

Караорман е третолигаш, клубот кој е основан во далечната 1923 година, односно пред 101 година на мечот со Светлост замина без резервни играчи, меч кој заврши без победник (2:2), но истиот го доби службено Караорман бидејќи екипата на Светлост настапила со играч кој е по казна и нема право на настап.

Резултатски Караорман има една победа која е службена и три порази, загуби од Влазними со 0:1 на стартот од новата сезона, па со 3:1 беше поразен од Света Троица 2021 во Охрид, во третото коло одигра 2:2 со Светлост но го доби службено со 0:3 овој меч, а пак во 4. коло загуби од Демир Хисар со 4:3, на меч каде беа доста млади играчи во составот на ланскиот второлигаш.

До нас пристигнаа одредени информации околу наводно свикување на вонредна седница и промена на управата на клубот, а Спортска Мрежа разговараше Жарко Петрески, кој вели дека е еден од иницијаторите за промени во ФК Караорман, кој воедно е и член на собранието на ФК Караорман.

Петрески во изјавите за Спортска Мрежа зборуваше за вонредната седница која била свикана како што вели тој, воедно и за причините поради кои се барало свикување на седницата како што тврди Петрески.

„Под влијание на претседателот на ФК Караорман, определени неактивни и не заинтересирани членови на собранието, злоупотребувајќи ги одредбите на Статутот, организираа бојкот на седницата. На тој начин не дозволија нормално функционирање на клубот кој постои повеќе од 100 години. Причините поради кои иницијаторите на Собранието на ФК Караорман, побараа свикување на седница на Собранието се многубројни. Ќе се задржам на оние кои се најболни и најургентни, а тоа се дека Караорман во последните 18 кола под раководство на актуелниот претседател, забележа само еден нерешен резултат и 17 порази, испадна од Втората македонска фудбалска лига, финансиски е инсолвентен кон доверителите, а изворните приходи никогаш не биле полоши“, вели Жарко Петрески.

Според Петрески, Караорман е во лоша состојба, а за играчки кадар вели дека никогаш не бил во полоша состојба, додaва дека надзорен одбор не е формиран.

„Играчкиот кадар во историјата на клубот никогаш не бил полош, ни по квалитет, ни по квантитет. Ќе напоменам само тоа дека на единствениот натпревар на кој е освоен бод после 16 порази, Караорман настапи со 11 фудбалери без ниту еден резервен фудбалер. Управниот одбор го чинат пет члена од кои три члена бараат оставка од претседателот. Надзорен одбор не е формиран. Реномето на клубот е срушено, а се срушија и надежите кај навивачите на клубот дека сепак нешто може да се промени. Промените во клубот не доаѓаат сами. Поведовме иницијатива за промена на состојбите во клубот, која беше бојкотирана од неодговорните и не активните членови на собранието на клубот. Нема тука да застанеме, ќе побараме свикување на нова седница и ќе ги превземеме сите потребни мерки и дејствија за смена на целокупното раководство. Наша задача е да не дозволиме клубот со повеќе од една вековна традиција да згасне“, вели Жарко Петрески.

Како што вели Петрески за Спортска Мрежа, собранието на ФК Караорман го сочинуваат 37 членови, а за полноважно одлучување потребно е присуство на седницата од 25 членови на собранието.

„Собранието го чинат 37 членови. За полноважно одлучување, потребно е присуство на седницата од 25 членови на собранието. Иницијативата за промените во клубот ја подржуваат повеќе од 20 члена. Поголемиот дел од останатите членови, поради не активност не се запознаени со состојбите во клубот, а некои од нив не се запознаени и со рангот во кој се натпреварува клубот“, рече Жарко Петрески.

Петрески го запрашавме дали зад целата оваа ситуација прсти замешува и политиката?

“Веројатно одговор на ова прашање треба да побарате кај оние кои ги бојкотираат седниците на собранието. Ова го велам затоа што иницијаторите за свикување на седница на собранието се од различни партиски провиненции или едноставно се политички не активни. Од друга страна отворено се сомневам дека членовите на собранието кои ги бојкотираат седниците на клубот, се инструирани од една иста партија, која ги инструира да шират невистини, партиски и меѓуетнички антагонизам“, рече Жарко Петрески.

Низ фудбалските кругови се зборува дека токму Петрески е можно да се вклучи во трката за нов претседателот на клубот?

„Доколку бидам избран за претседател на клубот, Караорман ќе остане истиот каков што од секогаш го познаваме. Нема да биде ни ВМРО-вски, СДСМ-овски ни ДУИ-овски. Нема да биде ни селски ни градски. Уште помалку само македонски, албански, турски, влашки…. Караорман и понатака ќе биде само најстариот општински клуб со најбогата историја и репутација“, рече Жарко Петрески.

Спортска Мрежа разговараше со претседателот на ФК Караорман од Струга, Ѓорѓи Жупан за целата оваа ситуација и како тој истата ја коментира?

„Точно е дека дел од членовите бараа одржување на вонредно Собрание и навистина беа одржани две собранија на кои немаше доволно кворум за гласање на доверба на претседателот на ФК Караорман. Јас сум избран на редовно собрание на клубот со 2/3 мнозинство кои ми укажа доверба да го водам клубот 4 години. Клубот е во солидна финансиска состојба, меѓутоа играњето во Втора лига бара повеќе финансии кои во моментов не можеме да ги обезбедиме. Мечот со Светлост не ја одразува реалната состојба на клубот бидејќи голем дел од играчите не беа во можност поради приватни обврски да присуствуваат, за што баравме и одлагање на натпреварот, а тоа барање беше одбиено од Светлост. Располагаме со доволен број на играчи кои бројат 18 во моментов што е доволно за играње во Трета лига“, рече претседателот на ФК Караорман, Ѓорѓи Жупан.

Претседателот на ФК Караорман вели дека клубот има надзорен одбор кој е избран во исто време со неговиот избор.

„Клубот има надзорен одбор кој е избран во исто време со мојот избор. Моето работење е во согласност со Статутот на ФК Караорман и не планирам поинаку да работам“, рече Жупан и додава:

„Целите на клубот се јавни, а тоа да е стабилен без финансиски потешкотии. Мојот фокус се младинските категории од кои понатаму ќе се црпат играчи за првиот тим без големи финансиски барање т.е. деца од клубот а не платеници. Вонредните собрание се одржани без доволно присуство на делегати. Од моја страна нема човек кој е вратен а да сакал да помогне на клубот. Истите луѓе кои сега ме напаѓаат, ме оставија во најтешките период кога се боревме за опстанок во Втора лига“, изјави Жупан.

Претседателот на клубот вели дека нема вмешано политика и додава дека работат на тоа да се створат услови за да може клубот да се врати во Втората лига.

Од моја страна не е вмешана политиката и Караорман е на сите стружани кои го сакаат клубот и се добредојдени да се вклучат во активностите се со цел унапредување на клубот“, рече претседателот на ФК Караорман и додава:

„Моментално работиме на стабилизирање на клубот, а во секој случај целиме во иднина за враќање во Втора лига кога за тоа ќе бидат створени услови на кои работиме, а Караорман и Струга тоа го заслужуваат“, заврши Жупан во изјавата за Спортска Мрежа.

Во следното 5. коло Караорман ќе игра против лидерот Преспа на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!