Прва женска фудбалска лигаФудбал

Мега дерби на Тиверија Брера и Љуботен, градско дерби во Битола

Сподели
Сподели

Утре и во четврток ќе се одигра осмото коло од Првата женска фудбалска лига.

Осмата рунда ни го носи и градското дерби меѓу Атлетико и Топ Гол во Битола, каде двете екипи ќе ја бараат втората сезонска победа во меѓусебен дуел.

Скопје 2014 како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Речица, а пак во Струга ќе се соочат фаворитот Ас Јунајтед против Истатов.

Дербито на колото ќе се одигра во Струмица каде ќе се соочат Тиверија Брера и актуелниот шампион Љуботен од Тетово, дуел каде трите бодови се силен императив и за двете екипи и трите бодови се единствена цел и на едните и на другите.

Во рамки на осмата рунда слободна ќе биде екипата на Каменица Саса.

  • ТАБЕЛА ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА 8. КОЛО ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Осмото коло може да го даде и новиот лидер, ако Љуботен триумфира во Струмица, но може да ја зацврсти Тиверија Брера на врвот, ако трите бодови останат во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!