Турнири

Започнаа пријавувањата за Турнирот во мал фудбал „Иловица 2025“

Сподели
Сподели

Љубителите на малиот фудбал повторно ќе имаат можност да уживаат, бидејќи во тек се пријавувањата за традиционалниот Турнир во мал фудбал „Иловица 2025“.

Тимовите можат да се пријават најдоцна до 23 август 2025 година, а веќе следниот ден, 24 август, ќе биде извршена ждрепката за групите.

Големото отворање и почетокот на возбудливите натпревари се закажани за 25 август 2025 година.

  • Организаторите подготвија богати парични награди за најдобрите екипи:

🏆 1-во место: 100.000 денари
🥈 2-ро место: 50.000 денари
🥉 3-то место: 25.000 денари
🎖 4-то место: 10.000 денари

  • Покрај тимските награди, ќе бидат доделени и индивидуални признанија за:

Најдобар стрелец

Најдобар играч

Најдобар голман

Котизацијата за пријавување изнесува 5.000 денари, а сите заинтересирани тимови може да се пријават кај организаторите на следните броеви:

Димче – 076/740-225
Борче – 077/910-882

Спортска Мрежа по првпат ќе биде медиумски покровител на овој престижен турнир во мал фудбал.

Сподели
Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Отворени пријавувањата за Меморијалниот турнир „Сашко Гелов – Шулц“ – обезбеден награден фонд од 300.000 денари

Во тек се пријавувањата за шестото издание на Меморијалниот турнир во мал...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!