Турнири

Даниел Инженеринг и Еуро Дом пресилни на „Подареш 2025“, Дивино го реши Инсајд Стил

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва започна нокаут фаза на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“, а на програмата беа три натпревари, со што се познати и три четвртфиналисти.

Во првиот меч беа постигнати дури 16 погодоци, а екипата на Еуро Дом со пресилни 11:5 го декласираше тимот на Подареш, кој беше инфериорен противник на теренот.

Во вториот меч Дивино и Инсајд Стил го одиграа највозбудливиот и најнеизвесниот меч, а Дивино беше подобар со 4:3 и со тоа оди во следната фаза, а пак Инсајд Стил си ги „собра“ куферите.

Во третиот меч екипата на Даниел Инженеринг го прегази составот на Алекс Сим со лото победа од 7:1.

Утре на програмата ќе бидат два натпревари. Од 21 часот Оливер Промет против Готен Јуниор, а пак од 22 часот Ан Са Дизајн и Перо и Тајфата против Оптимус.

Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Капе Верде со „петка“ за Чардаклија, Украс ИНК со две победи во една вечер на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“

Вечерва беа одиграни пет натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко...

Турнири

Леон Траспорт лесно „прегази“ до висок триумф, Црна Река го „испумпа“ Оливер Промет со четири гола!

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“ беа забележани две високи...

Турнири

ФОТО: КФМ Кратово со „петарда“ во Чардаклија, Фаланга Штип се намачи за триумф

Вечерва беа одиграни четири натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!