РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 16 години славеше победа против Црна Гора

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа, забрането превземање | АРХИВА
Сподели

Младинската фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години славеше сигурна победа од 3:0 против селекцијата на Црна Гора на контролниот натпревар одигран денеска на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Избраниците на селекторот Иљами Исејни доминираа во текот на целиот меч и ја наметнаа својата игра уште од првиот свиреж. Во воведните минути, Масев, Ристиќ и Акики имаа одлични прилики за водство, но гостинскиот голман успеа да ги спречи нивните обиди. Сепак, во 39. минута Македонија го скрши отпорот на Црногорците – Адриан Велески со фантастичен продор и прецизен удар донесе водство од 1:0.

Само неколку минути подоцна, Марин Крстевски постигна вистински еврогол и ја зголеми предноста на 2:0 пред заминувањето на одмор.

Во второто полувреме, македонските таленти продолжија со офанзивната игра. По еден час игра, Крстевски беше повторно во центарот на вниманието – овој пат како асистент. Неговиот прецизен пас го пронајде Стефан Ристиќ, кој реализираше за убедливи 3:0.

До крајот на натпреварот, Полимац и Емини имаа уште две одлични шанси, но гостинскиот голман Јанковиќ спречи повисока победа на нашата селекција.

Вториот контролен дуел меѓу овие две селекции е закажан за 21 август со почеток од 11:00 часот, повторно на „Билјанини извори“.

Со ова убедливо издание, македонската селекција U16 уште еднаш покажа дека иднината на фудбалот во земјата има сериозен потенцијал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!