Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш промовираше две нови имиња за новата сезона – се работи за Нијаз Јусуфи и Лука Атанасовски.
Јусуфи кој има 22-години во Детонит Плачковица доаѓа од редовите на ланскиот прволигаш Гостивар, а низ својата кариера новиот напаѓач на радовишани беше дел од Вардар, Шкупи и Башкими Љуботен.
Во тимот на Горан Здравков, Лука Атанасовски пристигна од скопски Вардар, се работи за млад и талентиран играч кој има 18 години, а која има настапувано и за Беласица.
Својата кариера младиот фудбалер ја започна во скопски Вардар, а сега пристигнува во Радовиш каде ќе биде одлично освежување за новата сезона, а која Детонит Плачковица ја отвара со гостување кај Големо Коњари.