Ракомет

Трнавац блесна на голот, Партизан ја доби драмата со Нексе!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Српскиот шампион Партизан го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ со голема победа, совладувајќи го хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице со 26-24 во драматичен натпревар одигран во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ одиграа борбен и квалитетен меч и направија крупен чекор кон финалето на турнирот. Главен херој на „црно-белите“ беше голманот Андреј Трнавац, кој приреди вистинско шоу на голот со неверојатни 22 одбрани, од кои два пенали, и беше клучниот човек за триумфот на белграѓани.

Во првиот дел се играше гол за гол, без позначајна предност за ниту една екипа. Партизан успеа на полувреме да замине со минимална предност (12-11), но во второто полувреме благодарение на сигурноста на Трнавац и прецизните удари на Сергеј Иванов, кој беше најефикасен со осум погодоци, српскиот тим се одлепи на плус четири (19-15).

ФОТО: Спортска Мрежа

Иако Нексе во еден момент остана со тројца играчи поради погрешни измени и приговори, хрватскиот состав покажа борбеност и успеа да се врати во игра, намалувајќи на 15-15, а потоа и на само гол негатива на самиот финиш. На 25-24, Чирковиќ побара тајм-аут, по кој Иванов со нов погодок ја потврди победата на белграѓани.

Кај Партизан, покрај Иванов, се истакна и Анѓелковиќ со пет гола, додека кај Нексе најефикасен беше Цениќ со шест погодоци, а Лучин постигна четири.

Ова е прва историска победа за Партизан над Нексе во нивните пет меѓусебни средби, што ја прави уште повредна. Со овој триумф, српскиот шампион се наоѓа во одлична позиција во групата и во следниот дуел ќе игра за финале против домаќинот ГРК Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!