Ракомет

Охрид го „растури“ Киндил – „гладијаторите“ покажаа сила и моќ!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Охрид со убедива победа над Киндил Торшавн од Фарски Острови го отвори меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ пред домашната публика, откако мечот го доби со убедливи 39:25.

Натпреварот помеѓу домаќинот на турнирот- Охрид и екипата на Киндил Торшавн започна со благо водство на охриѓани, па така, кон средината на првото полувреме, домашните водеа со 10:7 во ,, Билјанини Извори ”, пред својата публика.

На десетина минути пред крајот на првиот дел, Охрид поведе со 14:8, и тогаш за првпат во натпреварот домаќините имаа плус шест. До крајот на полувремето се редеа шутеви и одбрани на двајцата голмани, но домашниот тим цело време го одржуваше водството, па така на полувреме имаа резултат 21:13 во нивна корист.

ФОТО: Спортска Мрежа

По 37 минути игра, Охрид дојде до најголемо водство од десет гола разлика, односно резултат – 26:16. „Гладијаторите“ во вториот дел имаа постојана двоцифрена предност.

На крај конечниот исход беше превисока победа за Охрид од 39:25 над Киндил Торшавн кој немаше сили за расположениот и силен „гладијаторски“ тим.

ФОТО: Спортска Мрежа

За МВП на натпреварот беше прогласен Дејан Кукулоски од екипата на Охрид, во однос на стрелците, Гал Цирар имаше пет гола кај ГРК Охрид, кај екипата на Киндил, Тисе имаше шест погодоци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!