Ракомет

ФОТО: Радовиш пресилен на тестот со прволигашот Текстилец во СРЦ “25 Мај”

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Суперлигашот Радовиш забележа висока и убедлива победа на пријателскиот натпревар со прволигашот Текстилец од Штип, на тестот кој се играше во СРЦ “25 Мај” беа постигнати 85 погодоци, а радовишани беа подобри со 52:33.

На полувреме Радовиш имаше висока предност од 23:14 што беше најава за меч со многу погодоци и голема победа на суперлигашот, пред се поради големата разлика во квалитетот.

Следен сериозен тест за Радовиш ќе биде во сабота против амбициозниот прволигаш Младост од Богданци, а ќе се игра во СРЦ “25 Мај”, а ќе има и возвратен пријателски меч во Богданци.

Новата сезона во Суперлигата започнува на 6 односно 7 септември, а истата Радовиш ја отвара со гостување кај Куманово.

ФОТО: Спортска Мрежа

Првата лига започнува на 13 односно 14 септември, а Текстилец истата ја отвара на домашен терен во Штип против Аеродром.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!