Турнири

ВИДЕО: Линди Фикс победник на 15-тото издание на турнирот во Дреновец

Сподели
Сподели

Во Дреновец, Тетово, со своето 15-то јубилејно издание заврши традиционалниот турнир во мал фудбал „Deshmoret e Kombit“. Финалната вечер донесе возбудлива пресметка меѓу две квалитетни екипи – Линди Фикс и Централ Констракшн.

По регуларниот дел, натпреварот заврши со резултат 1:1, а победникот беше одлучен по изведување на пенали. Поголема прецизност и смиреност покажа Линди Фикс, кој славеше со конечни 2:1 и ја освои титулата.

Третото место му припадна на тимот Меда 3, кој во малото финале беше подобар од Им Бе Гипс.

Победничката екипа беше наградена со парична награда од 2.000 евра, а ја предводеше добро познатиот тренер Назиф „Муриньо“. Финалето, кое собра голем број љубители на спортот, го отвори познатиот албански пејач Голден Г.


За најдобар играч на турнирот беше прогласен Жетон Рукоци од Линди Фикс, додека титулата најдобар голман му припадна на неговиот соиграч Бајрам Рамадани.

Специјален гостин на свеченото доделување на наградите беше искусниот фудбалер Ферхан Хасани, кој со своето присуство ја збогати церемонијата.

Организаторите истакнаа дека ова издание било реализирано на највисоко ниво, поставувајќи нови стандарди во организацијата на вакви спортски настани во регионот.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот европски предизвик, откако остварија значајна победа во дербито против Еурофарм Пелистер....

Ракомет

Блажески за Спортска Мрежа: Фаворити сме, но мораме да дадеме 100% на двата натпревари!

ГРК Охрид го очекува нов европски предизвик во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде што за противник го има литванскиот Драгунас Клаипеда....

Поврзани написи
Турнири

ФК Кожуф од Гевгелија го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Фудбалскиот клуб Кожуф од Гевгелија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup...

Турнири

ФК Камза од Албанија го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Фудбалскиот клуб Камза од Албанија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup...

Турнири

Уште само пет слободни места за новогодишниот турнир во Демир Хисар – награден фонд од 180.000 денари!

Интересот за новогодишниот турнир во мал фудбал во Демир Хисар е голем,...

Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!